Официјализирани договорите со младинските фудбалски школи во Илинден и Куманово

3120

Горан Пандев со својата Академија, потпиша договор за соработка со Фудбалската школа Грозданоски,  која ја води репрезентативниот колега Грозданоски.

Со тоа, се потврдуваат изјавите од прес конференцијата дека Академија Пандев ќе продолжи да вложува во младите таленти, а со тоа да обезбеди подобра иднина и за репрезентацијата на Македонија и за фудбалерите кои ќе настапуваат во странски тимови.

Пандев се дружеше со младите фудбалери и подели автограми за фановите, со што се промовираше соработката со ФШ Грозданоски.

Тимот на Академија Пандев продолжи вo посета на младинската школа Еуроспорт Куманово Пандев. И во Куманово како во Илинден, Пандев на младите подели автограми  и совети за децата, со што се официјализираше соработката и со оваа фудбалска школа.

Мисијата да се отворат младински фудбалски школи во секој фудбалски центар, секако  се остварува.  Досега се потврдени соработките и во  Гостивар, Тетово и Гази Баба