Одреден составот на Академија Пандев за куп-натпреварот со Силекс

1706

Академија Пандев денеска од 15:30 часот ќе го одигра својот прв натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија.

Како што е познато, противник на нашата екипа ќе биде Силекс, а првиот натпревар ќе се игра на гостински терен во Кратово.

За денешниот натпревар, тренерот Панче Стојанов се одлучи за следниот почетен состав: Истатов, Вареловски, Атанаскоски, Петриќ, Ганчев, Стоилов, Иванов, Дориев, Грифони, Боуен и Марков.