Огромна предност по првиот натпревар: Академија Пандев на чекор од полуфиналето во Купот на Македонија!

925

Екипата на Академија Пандев дојде до огромна предност во пресрет на реваншот од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Нашиот тим денеска славеше на гостински терен против екипата на Тетекс со 0:2 во првиот натпревар од четвртфиналето од Купот на Македонија, со што драстично ни се зголемуваат шансите за пласман во полуфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување кај нас.

Иако резултатот не сугерира, сепак ова беше тежок натпревар за нас на кој настапивме со малку изменет состав, а одлично деби на десната бековска позиција имаше и Ване Јованов.

Мишов во 35. минута го отвори резултатот за 1:0, додека во 83. минута Балдовалиев зголеми на 2:0. Претходно, во 77. минута Атанасковски заработи втор жолт картон и исклучување.

Со оваа победа на гостински терен, со два постигнати и без примен гол, шансите за дебитантски и историски пласман меѓу четирите најдобри во Купот се зголемуваат драстично во пресрет на реваншот во Струмица.

Реваншот во Струмица се игра на 29 ноември.