Нов пораз на Академија Пандев во ПМФЛ

546

Академија Пандев денеска не успеа да оствари триумф со кој ќе ги залечи раните од претходниот неуспех против шампионот Вардар (0:2).

На домашен терен на стадионот „Младост“ нашите момците беа минимално поразени со 0:1.

Денеска во рамките на 18. коло од домашното првенство, нашиот состав се судри со кратовската екипа Силекс, кои со оваа победа побегнаа на +6 бодови во однос на нашата позиција на табелата.

Стрелецот на победничкиот гол на денешната средба беше Ѓорѓевиќ во 15. минута, кој беше доволен за триумф и нови три бода.

Ова е трет пораз на Академија Пандев од Силекс, вклучително сметајки ги и пресметките од Купот на Македонија.

Нашата екипа останува на 4. позиција на табелата, со 25 освоени бодови, а пред нас на табелата се само Силекс, Вардар и првопласираната Шкендија.