Нов кондициски тренер во ФК Академија Пандев

8733

Првиот тим на ФК Академија Пандев, заминува на подготовки во Банско со нов кондициски тренер. Иван Јовановски кој работи со националната А селекција која е под водство на селекторот Игор Ангеловски, сега се придружува и на новиот тим во ПМЛФ.

Подготовките ќе траат две недели, а Јовановски ќе има удел во работата на првата постава на тимот, ќе работи со помладите тимови на Академијата и ќе го пренесе своето искуство на надешните таленти во помладите тимови.

Јовановски има богато искуство во повеќе интернационални и домашни тимови. Има работено во Генчлербирлиги Анкара во Супер лигата во Турција и четири години во Интер Баку во Азербејџан. Исто има работено со најтрофејниот бугарски тим ЦСКА Софија и Лудогорец од Разград. Јовановски има работено и со голем број македонски тимови.

image