Нова победа за Академија Пандев: Освоена арената „Филип Втори“, совладан Работнички

1810

Академија Пандев со уште еден одличен натпревар и нова победа, овој пат на гостински терен, на арената „Филип Втори“ против ФК Работнички со 2:1.

Домаќините први постигнаа гол преку Гофри во 8. минута од мечот, но нашата екипа смогна сили во натпреварот, не се откажа и упорноста резултираше со нов успех.

Прво беше направен пенал а сигурен реализатор беше Јани Атанасов кој во 27. минута донесе изедначување на 1:1. Со тој резултат се замина и на полувреме.

Во вториот дел интензивна игра на нашата екипа, која во 75. минута резултираше со нов гол, овој пат за победа, стрелец беше Александар Мишов.

Ова е четврти триумф за нашата екипа, по победите над ФК Скопје (2:0), Ренова (1:0) и против Пелистер (2:0).

111 222 333