Ни доаѓа забревтаниот Работнички, го победивме еднаш, зашто не пак?

1353

Ново дерби во домашното првенство ја очекува екипата на Академија Пандев.

По триумфот во Битола во претходното коло, нашиот тим денеска го пречекува Работнички кој игра како препороден во последно време. Во првиот дел од сезоната, на 24 септември го победивме на “Филип Втори” во Скопје со 2:1, но Работнички во последните пет кола оствари четири победи и најави борба за висок пласман

Како и да е, ние подготвени го очекува предизвикот наречен “Работнички”. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, ќе недостасуваат Дориев и Боуен, но од денеска право на настап имаат нашите фудбалери кои беа на позајмица во Хоризонт Турново: Дончев, Михаилов и Крстовски.

По црвениот картон во тимот се враќа Атанасковски.

Натпреварот се игра на стадионот “Младост” со почеток од 13 часот, а ќе го води судиска тројка предводена од Димитар Мечкаровски, истата која го водеше и првиот меч на овие две екипи во Скопје.