Никола Вујанац денес официјално потпиша професионален договор

3499

Иако беше од поодамна познато, сепак денес официјално Никола Вујанац го потпиша професионалниот договор со ФК Академија Пандев. 26 годишниот голман кој доаѓа од Србија, а порано беше член и на ФК Силекс се обврза на верност со нашиот клуб на 1+1 година. Му посакуваме успешни настапи на Никола, а воедно во тандемот Истатов – Вујанац гледаме стабилен пар кој достојно ќе ги репрезентира боите на нашиот клуб во прволигашката конкуренција.