Нерешено и минимален пораз против Спортската Академија при ФФМ 2002 и 2003

2406

Денес на тренинг центарот “Петар Милошевски” при ФФМ две наши генерации на фудбалери одиграа два натпревари. Во првиот натпревар кој започна во 13 часот ФК Академија Пандев ген.2002 и Спортската Академија при ФФМ ген.2002 одиграа возбудлив и тврд натпревар кој заврши со резултат 0:0. Во вториот натпревар пак Спортската Академија при ФФМ ген.2003, која важи за една од најталентираните генерации и која работи според УЕФА програма и ФК Академија Пандев ген.2003 одиграа динамичен натпревар кој тимот на ФФМ го доби со минимален резултат од 1:0. Благодарност до ФФМ за беспрекорната организација, во следниот период ги очекуваме истиве генерации на фудбалери да ни бидат драги гости во Струмица.IMG_1811 IMG_1812 IMG_1813 IMG_1814 IMG_1815 IMG_1816 IMG_1817 IMG_1818 IMG_1819 IMG_1820