На „Филип Втори“ на ново дерби и по потврда на второто место

639

Продолжува згуснатиот распоред за Академија Пандев и воопшто Првата македонска фудбалска лига.

Само четири дена откако на домашен терен го совладавме Пелистер и застанавме на второто место на табелата, не очекува уште едно големо дерби. Овојпат со поранешниот шампион Работнички на кого денеска од 15:30 часот му гостуваме на Националната арена “Филип Втори”.

На сите во тимот им е јасно дека претстои исклучително тежок натпревар. Академија Пандев за Скопје отпатува со низа проблеми во играчкиот кадар. Атанасковски е суспендиран, Марков нема да игра поради повреда, а под голем знак прашалник се Дориев и Стоилов за чиј настап ќе се одлучува непосредно пред почетокот и конечниот збор ќе го има тренерот Панче Стојанов.

И покрај тоа, нашите фудбалери се расположени и ветуваат максимална борба. Академија Пандев е три кола без пораз, но уште ја очекуваме првата победа на гостински терен. Нема поубаво место за тоа од нашиот најголем стадион.