На победа против Победа и покрај проблемите во тимот

692

Академија Пандев денеска ќе се обиде да ја продолжи победничката серија на домашен терен.

Противник во 14. коло ќе ни биде поранешниот шампион Победа против која ќе се обиде да го задржиме второто место на прволигашката табела. Противникот е претпоследен, но никој не очекува лесна задача, пред се бидејќи прилепчани се искусна екипа која пред три кола го совлада и шампионот Вардар.

Покрај тоа, Академија Пандев се соочува и со играчки проблеми.

Еден од нашите најдобри играчи Јани Атанасов нема да настапи поради обврски кон репрезентацијата до 19 години која од 8 до 14 ноември игра квалификации за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство. Дориев се враќа во составот, но ќе остане на клупа бидејќи уште не е 100% подготвен. Тренерот Стојанов не може да смета ниту на искусниот Ганчев кој ќе го пропушти натпреварот со Победа поради повреда.

И покрај се, нашите фудбалери се доволно мотивирани да одат на триумф и на денешниот натпревар. По овој меч следува пауза поради репрезентативните настапи што ќе биде можност да се комплетира и нашиот тим.

Натпреварот против Победа се игра денеска од 13:30 часот. На домашен терен Академија Пандев има максимален ефект – пет победи на исто толку натпревари со гол-разлика 10:2.