Најава : ФК Металург – ФК Академија Пандев

1655

Утре нашиот сениорски тим го игра 7-то коло во рамките на ВМФ – лига. Противник на ФК Академија Пандев е реномираниот тим и минатогодишен прволигаш ФК Металург. Натпреварот се игра на теренот во Железара, а стартот на истиот е закажан во 15:00 часот.

По минатонеделниот кикс на домашен терен против ФК Новаци, во кој во голема мера придонес имаше и главниот судија Младеновски, нашиот тим е пред нов предизвик. Сите играчи во тимот се подготвени и ставени на располагање на стручниот штаб. Се надеваме дека успешно ќе биде помината уште една пречка во ВМФ – лига на Р. Македонија и дека ФК Академија Пандев ќе започне нова победничка серија.