Најава : ФК Академија Пандев : ФК Хоризонт

1988

Утре на “Општинскиот терен со вештачка трева” , ФК Академија Пандев ќе го одигра својот последен контролен натпревар, пред почетокот на пролетната полусезона во ВМФЛ кој е најавен за 04.03.2017 год. Натпреварот против ФК Хоризонт е закажан со почеток во 14:30 часот. Ова ќе биде убава можност за сите љубители да повелат и да го проследат овој натпревар, кој всушност ќе претставува генерална проба за двата тима, пред стартот на првенството.