Најава: ФК Академија Пандев : ФК Влазерими – Кичево

2899

Утре со почеток во 16:30 часот на градскиот стадион “ Младост “ во Струмица ќе се одигра првенствениот натпревар во рамките на 2-то коло на ВМФЛ.

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев ќе ги одмери силите со еден од претендентите за висок пласман ФК Влазерими од Кичево.

ФК Академија Пандев упатува покана до сите љубители на фудбалот да повелат на градскиот стадион “ Младост “ и да го проследат овој натпревар во кој право за настап во ФК Академија Пандев ќе имаат и новите засилувања кои дојдоа во овој преоден рок.