Најава : Утре се играат 3 натпревари помеѓу ФК Академија Пандев – ОФК Белград

1074

Успешната соаботка помеѓу двата клуба продолжува и понатаму. После одигрувањето на двомечот минатата недела за утре се закажани нови три натпревари.

Распоредот на утрешните натпревари е следен :

11 часот : Генерација 2000

ФК Академија Пандев –  ОФК Белград

12:30 часот : Генерација 2003

ФК Академија Пандев –  ОФК Белград

Овде мораме да споменеме дека нашите дечиња ќе играат со генерација 2004 бидејќи нашата генерација 2003 утре игра финален натпревар во Р. Бугарија.

14:00 часот : Генерација 2006

ФК Академија Пандев –  ОФК Белград

На нашите дечиња им посакуваме успешни настапи, а на љубителите на детскиот фудбал им упатуваме покана да присуствуваат на “ Општинскиот терен со вештачка трева “ во Струмица и заеднички да учествуваме во нашите нови дружења со гостите од Србија.