Нашите тимови почнаа со одигрување на контролните натпревари

2932

Покрај подготовката која е примарна во подготвитителниот период, нашите тимови почнаа со одигрување и на контролните натпревари.

Така младинскиот тим кој се подготвува за претстојниот турнир ЦЕЕ Куп во Прага веќе одигра два натпревари и тоа со сениорскиот тим на ФК Акадедмија Пандев и со сениорскиот тим на ФК Брегалница. Во првиот натпревар нашите сениори беа поуспешни од младинците и натпреварот го добија со 4:2. Во вториот натпревар кој се одигра вчера на теренот со вештачка трева во Штип тимот на ФК Брегалница беше поуспешен и истиот го доби со резултат 4:1.

Во следниот период следуваат уште неколку натпревари за сениорите и младинците. Нашиот млад тим ќе одигра уште две контроли и тоа на 13.07 во Неготино со ФК Вардар и на 16.07 со ФК Хоризонт по што младинскиот тим заминува на турнирот во Прага каде во групната фаза ќе ги одмери силите со ФК Бохемијанс и ФК Флуминенсе.

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев пак ќе одигра неколку контролни натпревари и тоа: на 13.07 со ФК Хоризонт, на 16.07 се заминува на подготовка во Банско Р. Бугарија каде ќе се одиграат следниве натпревари : 17.07 со ФК Победа Прилеп, на 20.07 со ФК Банско и на 24.07 со шампионот на Туркменистан ФК Алтин Асир. По враќанњето од Банско нашиот сениорски тим го има договорено и натпреварот со ФК Беласица кој ќе се одигра на 07.08.2016 год на градскиот стадион Младост во Струмица.