Нашите Николов и Алчевски најзабележителни на натпреварот против Бугарија

1916

Фудбалерите на Академија Пандев, Иван Николов и Марко Алчевски се најзаслужни за победата на македонската репрезентација У-16 против Бугарија со 2-0.

Денешниот натпревар беше втор против нашиот источен сосед, првиот се одигра пред два дена, исто така, во Софија и заврши без победник – 1-1. И тогаш Николов и Алчевски беа одлични, но денеска и ја донесоа победата на својата селекција.

Николов беше стрелец на вториот гол во 30. минута откако претходно Живиќ го отвори резултатот. Од друга страна, Алчевски во првото полувреме одбрани чиста шанса на Георгиев, а во второто ги запре ударите на Атанасов и Петров не дозволувајќи да се затресе неговата мрежа.