Младите генерации на Академија Пандев растураат на Пирин Купот во Банско

3321

Академија Пандев бележи значителни успеси не само во првиот тим, туку и во помладите категории, каде има оптимизам за уште подобри резултати во иднина.

Младите генерации на Академија Пандев 2007 и 2008, моментално се на турнирот „Pirin Cup“ во Банско, Бугарија.

Генерацијата 2008 оствари две победи против тимовите на Локомотив Софија и Мали Шампиони од Бугарија, додека исто така добри резултати забележа и генерацијата 2007 која исто така оствари две победи, против Локомотив Софија и Витоша.

Турнирот во Банско стартуваше денес, а завршува во недела на 3. септември.

21040733_10214384607791761_1216978162_n 21244809_10214384606031717_1245407221_n 21269570_10214384610591831_1558192415_n