Младинците се на потег

5130

Првиот натпревар во рамките на GENERALI CEE Cup е против ФК Евертон

Младинскиот тим на ФК Академија Пандев тргна за Прага. Оваа година CEE Cup ќе се одржи од 20 јули до 26 јули во Прага, а првото одмерување на силите е на 20 јули против екипата на Евертон во 12:30 часот.

Оваа година на турнирот право за настап имаат три играчи од генерација 1998, а останатите се 1999 генерација. Поради обврските во првиот тим од наведените генерации, Академијата се одлучи да настапи на турнирот со играчи кои не се во првиот тим, а се од генерациите 1999 и 2000 год.

CEE Cup е интернационален турнир кој се одржува секоја година за фудбалски тимови до 19 години. На турнирот настапуваат младинските тимови од европските клубови од централна и источна Европа. Оваа година, на CEE Cup ќе учествуваат 12 тима, меѓу кои: Academia Sport Team од Романија, AC Sparta Praha, Everton FC, Leicester City FC, FC Nitra и др. Тимовите се поделени во четири групи, а ФК Академија Пандев е во група Б заедно со FC Everton и Győri ETO FC.