Младинците поразени од ФК Брегалница Штип

1212

ФК Брегалница – ФК Академија Пандев 1:0 (0:0)

Нашите младинци, поточно Виареџо тимот денес одигра динамичен и квалитетен натпревар против ФК Брегалница. Домашниот и поискусен тим имаше повеќе од играта и создаде повеќе шанси, но реализира една во самиот финиш од нтпреварот, поточно во 88 мин преку Танушев.

За нашите младинци претстојат 10 дневни припреми во Р.Грција каде ќе се одиграат и 3 контролни натпревари. Се надеваме дека во овој периот ќе се отстранат и одредени слабости пред се во органзацијата на играта, реализацијата и справувањето со ултараофанзивниот притисок на противниците.