Младинците на Академија Пандев избија на второто место на табелата

1566

Кадетската и младинската екипа на Академија Пандев денеска во Струмица играа против ФК Вардар во рамките на државниот шампионот во овие категории.

Во кадетска конкуренција, во потполно рамноправен дуел изгубивме со 0:3. Резултатот воопшто не кореспондира со реалноста бидејќи при сите три примени гола нашиот тим имаше шанси, па место наша реализација, следуваше казна од противникот. По промашувањата на Кратев и Николов во 23. минута, одбраната на Академија Пандев киксираше и прими гол, однос автогол на Иванов. Со 0:1 се отиде на полувреме, а во вториот дел Вардар не казни преку Благоевиќ во 55. и 78. минута за конечни 0:3 иако и овде треба да ги спомнеме пропуштените шанси на Крстев, Димитров и повторно Крстев.

Многу радост ни донесоа младинците кои, исто така, во израмнет натпревар победија со 2:0 со головите на Димовски во 25. минута од слободен удар и Размоски при еден контра напад во 88 минута. Вардар се прикажа во одлилчно издание, но овојпат нашиот тим одигра позрело, а за одбелезување е враќанјето во тимот на капитенот Делевски кој беше еден од најдобрите играчи на теренот заедно со Димовски, Скендери и Размоски.

Со оваа победа, младинците излегоа од кризата и избија на второто место на табелата токму пред Вардар.

Честитки на екипите на Вардар за фер и коректната игра и се надеваме дека и утре со почеток во 10 и 12 часот ке присуствуваме на возбудливи натпревари во конкуренција на помлади пионери и пионери.