Младинците и сениорите претрпеа порази

2184

Денес се одиграа два натпревари од подготвителниот период.

ФК Миравци – ФК Академија Пандев 3:1 (0:1)

Младинскиот тим одигра интересен натпревар во Миравци со тимот на ФК Кожуф. Победа забележа поискусниот второлигашки тим. За одбележување е одличната игра на нашите младинци во првото полувреме кои со голот на Мишов по прекрасната асистенција на Миловановиќ по првите 45 минути имаа предност од 0:1. Во второто полувреме домаќинот заигра далеку поангажирано по што следуваше целосен пресврт и рутинирана победа на домаќинот од 3:1. Секако мора да се спомене дека 10-те замени кои беа направени во нашиот младински тим во второто полувреме не беа на висината на задачата и во многу допринесоа за комплетниот пресврт на домаќинот.

ФК Академија Пандев – ФК Хоризонт Турново 1:2 (0:1)

Нашиот сениорски тим пак на “ Општинскиот терен со вештачка трева “ во Струмица одигра, динамичен, квалитетен и рамноправен натпревар со ФК Хоризонт. Конечниот резултат гласеше 2:1 за прволигашот, а стрелци во оваа убава, пријателска, фудбалска претстава беа : Јанков за ФК Академија Пандев, а Тафо и Сашко Пандев за ФК Хоризонт.