Куп во младинска конкуренција : ФК Академија Пандев – ФК Металург 8:0

3983

Најуспешен настап во куп натпреварите имаше нашиот младински тим. Имено младинците на ФК Академија Пандев го одиграа првиот натпревар од 1/4 финалето на купот на Р: Македонија. Гостин на општинскиот терен со вештачка трева во Струмица беше младинскиот состав на ФК Металург. Нашиот тим имаше убедлив настап и извојува убедлива победа од 8:0. Стрелци во оваа гол шоу беа: Мишов 3 гола, Миловановиќ 3 гола, Михаилов и Стојков. Се чини дека реваншот за ФК Академија Пандев ќе биде само формалност и нашиот тим ќе се пласира во 1/2 финалето од младинскиот куп на Р. Македонија.