Кристијан Трапановски на тестови во ФК Интер – Милано

7862

Добрите настапи на турнирот во Вијареџо и одличниот настап во финалето од купот на Македонија во кадетска конкуренција беа доволен показател уште еден наш член да добие покана да ги покаже своите квалитети во италијанскиот гигант ФК Интер од Милано.

Кристијан Трапановски е веќе во Милано каде по извршените лекарските прегледи веќе ја одработува програмата зададена од ФК Интер. Олеснителна околност за Трапановски е присуството и на Јани Атанасов кој веќе подолг период престојува во кампот на ФК Интер.

ФК Академија Пандев уште еднаш ја потврдува својата заложба за презентација на нашите таленти ширум Европа. Нашите одлични релации со тимовите од Р. Италија само го потврдуваат тоа, а на Кристијан Трапановски му посакуваме многу здравје и среќа во престојниот период.