Кристијан Иванов : Професионализмот во ФК Академија Пандев не обврзува…

6570

Денес во просториите на ФК Академија Пандев беше извршена презентација на приновите во сениорскиот тим. Станува збор за Давид Атанаскоски и Кристијан Иванов, двајцата беа презентирани во новиот дрес на ФК Академија Пандев, кој ќе биде користен за натпреварите на гостински терен. Кога сме кај новата гарнитура на опрема која е од реномираниот спортски бренд Адидас, вредно е да се спомене дека сениорскиот тим на ФК Академија Пандев потпиша 1,5 годишен договор, таа со истиот се обврзува своите официјални натпревари да ги игра со спортска опрема од брендот Адидас.

При презентацијата Кристијан Иванов ја даде следнава изјава:

Среќен сум што доаѓам во една професионална средина, ФК Академија Пандев прераснува во сериозен спортски колектив, организацијата, програмата и самиот проект е организиран и се реализира на навистина професионално ниво. Посебно ме прави горд што водечките луѓе го препознале мојот квалитет и ми ја овозможија шансата да бидам дел од овој сериозен проект. Чест ми е да бидам дел од тимот во кој има познати екс репрезентативци, но исто така мора да ги споменам и младите играчи кои едноставно ме изненадија со квалитетот со кој го поседуваат. Слободно можам да кажам дека сето тоа ме обврзува да возвратам на најдобар можен начин, да го дадам својот максимум, да бидам дел од тимот кој ќе испише нова фудбалска страница,  Струмица по 10-на години да добие нов прволигаш во името на ФК Академија Пандев.