Крај на успешната серија: Академија Пандев загуби во Струмица

796

Огромно изненадување се случи денеска во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако нашата екипа го забележа првиот пораз на домашен терен во сезоната.

Подобар од Академија Пандев денеска беше составот на Победа, која со минимални 1:0 се израдува на трите бода. Голот на Станиќ во 45. минута беше пресуден за да заврши успешната серија на нашиот клуб.

До овој натпревар имавме серија од шест победи на домашен терен, од кои пет во првенството.

По овој, но и поразот од Ренова на гостински терен, нашиот тим падна на четврото место на табелата со 21 бод, еден помалку од Силекс кој има натпревар повеќе и два бода зад шампионот Вардар кој има натпревар помалку од нас. На чело на табелата и понатаму е Шкендија со 34 бода.