Кратово е кобно за Академија Пандев оваа сезона

616

Академија Пандев го претрпе вториот пораз оваа сезона откако денеска загуби на гостувањето кај Силекс со 0-1.

Стрелец на единствениот гол беше Бујчевски уште во деветтата минута од натпреварот. Нашите фудбалери и покрај тоа создадоа неколку шанси, но не успеаја да ја затресат мрежата на домашниот тим. Интересно е тоа што ова е втор пораз за Академија Пандев од Силекс оваа сезона откако пред 17 дена кратовскиот тим не победи во рамките на Купот на Македонија со истиот резултат.

И покрај тоа, Академија Пандев остана на втората позиција на табелата со 14 бода, еден повеќе од Вардар кој има и два натпревари помалку од нас, но еден од нив е меѓусебниот кој треба да се игра во декември.

Сега следува двонеделна пауза во домашното првенство поради репрезентативните настапи, а во следното коло на домашен терен го пречекува должникот Шкупи кој во првото коло ни одзеде два бода во последните моменти од натпреварот.