Кадети : ФК Академија Пандев – ФК Победа 5:0 – прв натпревар од 1/4 финалето на националниот куп

2179

Како и другите помлади генерации и кадетите на ФК Академија Пандев беа успешни во првиот натпревар од 1/4 финалето на националниот куп. Противник на нашиот тим беше ФК Победа од Прилеп. Нашиот млад тим во првиот натпревар извојува солидна победа од 5:0, стрелци на овој натпревар беа : Ѓоргичков 2, Петров, Милковски и Ивановски. Се надеваме дека во реваншот нашиот тим ќе ја зачува солидната предност од 5 голови, а воедно ќе биде и подобриот тим од овој двомеч кој всушност ќе се пласира во 1/2 финалето на националниот куп во кадетска конкуренција.