Кадетите на ФК Академија Пандев изборија финале во купот

4416

Кадетите на ФК Академија Пандев, генерација 1999 изборија уште едно финале за нашиот тим. Инаку ова ќе биде второ последователно финале за оваа генерација на фудбалери на ФК Академија Пандев. Денес нашиот тим во возбудлив и неизвесен натпревар извојува победа од 3:2 против ФК Вардар. Во првиот натпревар во Скопје двата тима одиграа нерешено 1:1, па со вкупен резултат од 4:3 нашиот тим заслужено патува во финалето. На денешниот натпревар ФК Академија Пандев поведе во 23 мин. со голот на Дарко Размоски. Во вториот дел ФК Вардар израмни преку автоголот на Ѓоргичков, но само 5 мин. подоцна Велиновски стрелаше од пенал за водство од 2:1. Меѓутоа овде не завршија возбудувањата затоа што Стојчевски од 11 метри го изедначи резултатот на 2:2, а Јани Атанасов кој претходно влезе во игра со гол исто така од пенал во 93 мин го однесе тимот на ФК Академија Пандев во големото финале. Честитки за прикажаната игра заслужуваат двата тима од овој полуфинален двобој. Противник на нашиот тим ќе биде подобриот од дуелот помеѓу ФК Беласица и ФК Работнички. Да се надеваме на струмичко финале во кадетскиот куп на Македонија со што уште еднаш би потврдиле дека Струмица од секогаш била расадник на фудбалски таленти.