Кадетите на ФК Академија Пандев во полуфиналето на купот на Македонија

3121

Нашиот кадетски тим се пласираше во полуфиналето од националниот куп. Ова е втора година по ред како ФК Академија Пандев играчи родени 1999 и помлади се пласира во полуфиналето од националниот куп. Тие во реванш натпреварот во Прилеп против ФК Победа претрпеа пораз од 1:3 но имаа доволно кредит после првиот натпревар кој го добија со 5:0 и со вкупни 6:3 заслужено се пласираа во полуфиналето.

Полуфиналните натпревари се играат во пролетната полусезона.