Кадетите и младинците ги донесоа Куп титулите во Струмица

3027

Кадетите и младинците на ФК Академија Пандев се победници во националниот куп на Р.Македонија. Двата наши тима беа поуспешни со идентични 1:0 над ФК Вардар. Најпрво кадетите не израдуваа со победата која беше дело на целиот колектив, но и на нашиот репрезентативец Кристијан Трапановски кој беше единствен стрелец на натпреварот во 86 мин.

На сличен начин не израдуваа и нашите младинци кои доминираа во текот на целиот нтпревар, но натпреварот беше одлучен дури во 85 мин. со прекрасниот погодок на Филип Михаилов.

ФК Академија Пандев упатува честитки до сите актери на двата финални натпревари и воедно ви благодари за радоста која ни ја приредивте.