И младинците на ФК Академија Пандев во 1/2 финалето од националниот куп

3923

ФК Металург – ФК Академија Пандев 2:3. Денес нашиот младински тим и во реванш натпреварот од 1/4 финалето извојува победа над ФК Металург со 2:3. Стрелци на головите на денешниот натпревар беа: Михаилов, Миловановиќ и Мишов. Нашиот тим по првиот натпревар имаше предност од 8:0, а денешниот натпревар беше само формалност кој сепак нашите млади играчи го добија со 3:2  и со вкупни 11:2 се пласираа во 1/2 финалето од купот на Македонија. Инаку полуфиналните натпревари се закажани за пролетната полусезона, а таму се пласираа освен ФК Академија Пандев и тимовите на ФК Врдар, ФК Милано и ФК Работнички.