Историја во ПМФЛ: Академија Пандев го запиша првиот триумф во елитата

2846

Откако во првото премиерно коло во ПМФЛ, тимот на Академија Пандев однесе само бод од Чаир (1:1), денеска пред своја публика, нашата екипа ја запиша првата победа, против составот на Скопје (2:0).

Уште од почетокот Академија Пандев наметна темпо на игра, кое гостите мораа да го следат, но прв пат капитулираат во 6. минута, кога стрелец е Љупло Дориев, на асистенција од Јани Атанасов.

Вториот дел исто така беше во знакот на Академија Пандев, а доминацијата мораше да биде крунисана со нов гол, овој пат стрелец е Јани Атанасов, кој во 35 минута од натпреварот го зголемува водството на домаќините.

До крајот на мечот иако имаше уште неколку шанси на двете страни, мрежите и голманите мируваа, па на крајот Академија Пандев запиша јубилеен триумф со 2:0 во ПМФЛ.