Испуштена победата во последни мигови: Работнички ни се спаси од пораз

1429

По двата порази во низа во Првата македонска фудбалска лига, нашата екипа забележа реми, откако денеска во дербито против Работнички ремизиравме со 1:1.

По поразот на гостински терен кај Ренова, а потоа и од Победа кој беше прв пораз за нас на домашен терен, Академија Пандев дојде до четвртото реми во сезоната, откако ја испуштивме победата во последните мигови и ремизиравме со Работнички со 1:1.

Голот за водство за нашиот тим беше дело на ветеранот Зоран Балдовалиев кој стрелаше во 52. минута и ја продолжи својата голгетерска серија и дојде до својот осми погодок во сезоната. Сепак, во последните мигови од средбата, односно во 94. минута од мечот, Сержињо погоди за 1:1

Со ова реми, Академија Пандев го задржа третото место на табелата, и има 15 помалку од лидерот Шкендија и еден помалку од второпласираниот Вардар, кој има и два натпревари помалку.