Извонредниот Атанасов недоволен за триумф на Македонија

2616

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години вчера го одигра вториот тест натпревар против репрезентацијата на Романија.

На првиот натпревар Македонија забележа лесна победа со 3:1, додека вчера и покрај водството од 2:0, на крајот загуби со 2:3.

Фудбалерот на Академија Пандев, Јани Атанасов, беше најдобриот поединец на натпреварот кој се одигра на комплексот на ФФМ, но неговиот погодок, како и погодокот на Тодоровски, не беа доволни за конечен триумф.