Започнаа натпреварите во регионалните лиги – (петлиња) ФК Академија Пандев – ФК Кожуф 7:0

3263

Вчера на Општинскиот терен со вештачка трева во Струмица, нашите петлиња ги започнаа натпреварите во регионалната лига Исток. Нашите дечиња од генерацијата 2002 беа домаќина на ФК Кожуф и истиот го добија со убедливи 7:0. Помалите петлиња, генерација 2003  во првото коло беа слободни, а својот натпревар од 2-то коло ќе го одиграат во недела во 9:00 часот во Кочани против тимот на ФК Фудбал Старс.