Заврши одморот – Академија Пандев ги „запали моторите“

1123

Фудбалерите на Академија Пандев денеска точно напладне ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

ak pandev1

Тренерот Панче Стојанов ја изврши прозивката, а потоа сите играчи одработија полесен тренинг како најава за она што следува во следните 40-тина дена до продолжението од првенството. Досега тимот се засили само со еден фудбалер и тоа Томислав Илиев.

ak pandev2

Според планот, екипата ќе тренира во својата тренинг база до 19 јануари. Главниот дел од подготовките ќе се реализира во Анталија каде екипата ќе отпатува на 20 јануари и ќе остане до 4 февруари. Планот е таму да се одиграат седум натпревари, а пет од нив се веќе закажани. Противници се: Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумкајит од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија. Другите два противника дополнително ќе бидат договорени.

ak pandev3

По враќањето подготовките ќе продолжат во Струмица до првото пролетно коло на 14 февруари кога гостуваме на Шкупи.