Драган Начевски вклучен во едукацијата на младите фудбалерчиња од ФК Академија Пандев

5060

Поранешниот репрезентативец и актуелен член на сениорскиот тим на ФК Академија Пандев, Драган Начевски, ќе биде вклучен во тренажниот процес на младите дечиња во ФК Академија Пандев. Искусниот фудбалер кој веќе се има стекнато со УЕФА А диплома ќе работи со генерацијата на дечиња родени 2007 год.

На Драган Начевски му посакуваме многу успех во работата, а веќе својот прв натпревар со својата генерација ќе го има во сабота каде нашиот тим ќе ги одмери силите со ФК Национал од Софија, Р. Бугарија.