Дојде време за одмазда

1136

Екипата на Академија Пандев денеска од 14:30 часот ќе го одигра својот реванш натпревар од 1/8-финалето во Купот на Македонија против екипата на Силекс.

Кратовчани ни се стари должници и денеска е шанса за фудбалска одмазда на теренот. Силекс славеше на првиот натпревар од 1/8-финалниот двомеч од Купот на домашен терен со минимален резултат од 1:0, кој секако може да биде анулиран на домашен терен во Струмица.

Силекс е наш должник и поради поразот во рамките на Првата македонска фудбалска лига во деветтото коло, кога исто така на гости загубивме со минимални 1:0.

Со оглед на нашата перфектна форма на домашен терен – четири натпревари и четири победи, со гол-разлика 7:0 – можеме да се надеваме на победа која ќе не одведе во 1/4-финалето од најмасовното натпреварување кај нас.