Дориев Љупчо со дебитантски повик во Македонската А репрезентација

11328

Во претстојниот селективниот камп на А репрезентацијата на Македонија кој ќе се одржи од од 9 до 14 декември  во Скопје, ФК Академија Пандев со дебитантски повик на свој фудбалер.

Успешните настапи на Љупчо Дориев во тековната сезона не останаа незабележани од селекторот на Македонија, г-дин Игор Ангеловски. По тој повод со особена чест и задовлство ја примивме поканата во која нашиот играч Љупчо Дориев доби повик за претсојниот селективен камп на репрезентацијата на Македонија, воедно за одбележување е дека е ова дебитантски повик за играч од ФК Академија Пандев во националната А селекција.

ФК Академија Пандев на Дориев му посакува успешна презентација со надеж за изборување на статусот за постојан член на Македонска А репрезентација.