Дориев повикан во репрезентацијата на Македонија

1542

Крилниот играч на Академија Пандев, Љупчо Дориев доби повик од селекторот Игор Ангеловски за претстојните два квалификациски натпревари на македонската репрезентација против Италија и Лихтенштајн.

Тоа е втор повик за нашиот фудбалер кој беше дел од најсилната селекција и во пресрет на дуелите со Израел и Албанија на почетокот од овој месец. Дориев е еден од најдобрите играчи на Академија Пандев оваа сезона и меѓу најзаслужните што нашиот тим се наоѓа на второто место на табелата по седум одиграни кола.

spisok

Ако селекторот му укаже доверба, Дориев би можел да дебитира пред својата публика бидејќи вториот натпревар од овој мини циклус се игра во Струмица на 9 октомври кога гостува Литехнштајн.