Димов Диме го продолжи договорот

588

Диме Димов, 24 годишниот централен одбранбен играч денес го продолжи договорот со ФК Академија Пандев. Раководството на нашиот тим е сосема задоволно од настапите на Димов во изминативе две години. ФК Академија Пандев и Димов го продолжија договорот на уште нови три години. На Диме Димов му посакуваме успешни настапи во новата прволигашка сезона која според најавите треба да започне на 5-ти Август.