Дејан Станковиќ и официјално назначен за советник на претседателот на УЕФА

2702

Големиот пријател на ФК Академија Пандев, Дејан Станковиќ, денес официјално беше назначен за советник на претседателот на УЕФА Александар Чеферин. Дејан Станковиќ е голем пријател на Горан Пандев, двајцата заедно ја имаа најуспешната сезона во ФК Интер кога во 2010 година ја освоија познатата “триплета”. Инаку Станковиќ во минатото организираше неколку пријателски натпревари на дечињата на ФК Академија Пандев каде самиот тој беше и покровител на истите. Интересно е тоа што Дејан Станковиќ ќе ја има советничката улога во УЕФА во делот на младинскиот фудбал односно на дечиња од 14-15 години и развојот на академиите и младите фудбалери. Ова се премногу конкретни и допирни точки во кои ФК Академија Пандев и Дејан Станковиќ ќе ја продолжат својата успешна соработка.