Детска фудбалска лига : ФК Академија Пандев апсолутен победник во југоисточниот регион

2966

Денес се одиграа финалните натпревари во Детската Фудбалска Лига на Југоисточниот регион во организација на ФФМ.

И ова година како и минатата апсолутен победник во сите 6 категории беше ФК Академија Пандев. Нашите дечиња се покажаа супериорни против своите противници во полуфиналните и финалните натпревари, совладувајќи ги своите конкуренти со убедливи резултати. Па така на завршните борби кои ќе се одржат на 22 мај во Скопје на кој ќе учествуваат победниците од сите 8 региони, нашата фудбалска академија ќе учествува со генерациите 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007.

Во оваа прилика упатуваме честитки до сите дечиња и тренери кои учествуваа во натпреварите на Детската Фудбалска Лига – Југоисточен регион, а воедно им посакуваме успешни настапи на завршниот турнир во Скопје.