Денес стартува “Colonia Cup 2017”

2001

Денес почнува познатиот турнир Колонија Куп 2017 во Кранево, Р. Бугарија.

ФК Академија Пандев на турнирот учествува со генерацијата на дечиња родени 2008 год. Нашите дечиња во моментов го имаа официјалното претставување, а веќе утре ги започнуваат натпреварите во жестока конкуренција меѓу кои се и екипите на : ФК Партизан, ФК Славија Софија, ФК Нива од Украина,  ФК Черно Море итн.

Не се сомневаме дека нашите дечиња храбро, одважно ќе се претстават на турнирот и ќе го презентираат струмичкиот и македонскиот фудбал.