Две победи, нерешено и пораз со ФК Пелистер

4106

Викендов се одиграа четирите натпревари од Супер Лигата на Македонија. Вчера во Битола кадетите извојуваа победа против ФК Пелистер со 2:1, стрелец на двата гола беше Дарко Размоски. Младинците пак го забележаа единствениот пораз овој викенд, тие загубија со 3:2 од домашниот Пелистер во натпревар во кој беше срамно да се гледа, а камо ли да се игра фудбал. ФК Академија Пандев во иднина навистина размислува да ја напушти супер лигата, кога во најквалитетното младинско натпреварување се калкулира кој да испадне а за тоа се задолжени домашните судии. Катастрофалното судење, еден гол од пенал и два гола од офсајди, удирањето на домашните играчи, задржувањето на времето кое не беше санкционирано, притисокот од опкружувањето, беа премноги, а двата гола на Мишов не беа доволни за нешто повеќе. Денес во Струмица пак се сретнаа Пионерите на ФК Академија Пандев и Пелистер. Нашите дечиња беа поуспешни и победија со 2:0, стрелци на головите беа: Ариф и Ристовски. Помалите пионери пак одиграа нерешено 1:1, а стрелец за нашиот тим беше Наков Столе.