Две победи и пораз во денешните пријателски натпревари на младите категории

3023

Денес на теренот со вештачка трева во Струмица се одиграа три пријателски натпревари. Најпрво во 11 часот нашиот кадетско/младински тим одигра со ФК Здравје Радово и истиот натпревар нашите млади фудбалери го добија со 5:2. Потоа во 13 часот ФК Академија Пандев генерација 2001 одигра натпревар против генерациски истиот тим на ОФК Белград, а гостинскиот тим беше далеку поуспешен и победи со резултат 1:6. Последниот натпревар со почеток во 14:30 го одиграа генерацијата 2002 на ФК Академија Пандев и ОФК Белград, во крајно динамичен и борбен натпревар нашите млади фудвалери беа поуспешни и победија со резултат од 4:3. Следниот викенд на 11-12 март е закажан стартот на Супер Лигата на Македонија каде играат најдобрите 12 младински тимови во Македонија.