Две победи во регионалната лига против ФК Беласица

4246

Конечно стартуваа натпреварите во регионалната лига за ФК Академија Пандев. После две кола во кои беа слободни нашите тимови, денес се одиграа дерби натпреварите против ФК Беласица во генерациите 2003 и 2002. Во првиот натпревар во генерација 2003 ФК Беласица : ФК Академија Пандев 0:11. Ова беше натпревар во кој целосно доминираа нашите дечиња, а доколку натпреварот и дечињата имаа посериозен пристап резултатот ќе беше уште повисок. Во генерација 2002 ФК Беласица : ФК Академија Пандев 0:3 службен резултат. Имено во овој натпревар домаќините пријавија само 5 играчи во генерацијата 2002 иако ФК Беласица е лидер во источниот регион со регистрирани деца во комет системот 264, најверојатно дечињата биле зафатени со други активности па натпреварот не се одигра.