Две нови засилувања во Академија Пандев

3844

Академија Пандев денеска потпиша едногодишни договори со две нови засилувања.

Станува збор за Американецот, Тревис Боуен и Италијанецот, Џулио Грифони. Боуен е напаѓач, има 28 години и последен тим за кој настапувал е резервниот на Лос Анџелес Галакси. Грифони игра на десната бековска позиција, има 24 години и во Струмица доаѓа како слободен играч откако неодамна го раскина договорот со Месина.

Двајцата нема да можат да бидат регистрирани навреме за натпреварот против Скопје в недела, но се очекува своето деби да ги забележат на гостувањето кај Шкендија на 27 август.