Две втори места на турнирот Botev Cup 2016

2961

Две генерации на ФК Академија Пандев, фудбалерчиња родени 2005 и 2008 беа учесници на Botev Cup 2016. Покрај учењето и стекнувањето на новите фудбалски вештини, дружењето и размената на искуство, нашите дечиња не израдуваа и со добрите игри и презентација на струмичкиот и македонскиот фудбал.

Дечињата родени 2005 година го освоиа второто место откако по 6-те последователни победи во финалето беа поразени од турскиот Галатасарај со 2:0.

Помалите надежи пак на ФК Академија Пандев, дечињата родени 2008 го освоиа второто место откако во меѓусебниот дуел со Царско Село беа поразени со 2:1.

Како и да е овој турнир е уште еден доказ дека ФК Академија Пандев, Струмица и Македонија ги очекува светла фудбалска иднина.

Image-1 (1)Image-1 (2)Image-1 (3) Image-1 (4)Image-1 (5)Image-1